Најавени тимови за ЛШ: Реал без важно трио во „невозможната мисија“

Реал Мадрид се наоѓа пред невозможна мисија, да брка победа на „Алијанц Арена“ над Баерн Минхен во обид да ја надополни негативата од првиот дуел во Шпанија и да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите.

Предизвикот е огромен, уште повеќе ако се знае дека „кралскиот клуб“ во овој предизвик ќе биде без важно трио на играчи. Куртоа и Родриго поради повреди го пропуштија и првиот дуел, а вечерва тренерот Арбелоа на располагање ќе го нема ниту Чуамени, кој е суспендиран.

На спротивната страна, Баерн ќе биде речиси комплетен, единствената дилема е дали Гнабри ќе биде „фит“ за настап од првата минута, доколку тоа не е случај неговото место во стартните единаесетмина ќе му припадне на Мусиала.

Арсенал има предност од еден гол од првиот меч со Спортинг, Артета се мачи со слични проблеми како и пред дуелот во Португалија, па Сака, Едегард и Тимбер најверојатно ќе го пропуштат и вечерашниот реванш.

АРСЕНАЛ – СПОРТИНГ

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Хинкапие, Зубименди, Рајс, Мадуеке, Езе, Тросар, Ѓокереш.

Отсутни: Мерино, Калафиори Едегард. Неизвесни: Сака, Тимбер.

СПОРТИНГ: Руи Силва, Диоманде, Инасио, Кварезма, Араухо, Морита, Хјулманд, Катамо, Тринсао, Гонсалвеш, Суарез.

Отсутни: Гилмерме, Фреснеда, Јоанидис, Нуњо Сантош.

БАЕРН М. – РЕАЛ М.

БАЕРН: Нојер, Лаимер, Упамекано, Тах, Станишиќ, Кимиќ, Павловиќ, Олис, Гнабри, Дијаз, Кејн.

Отсутни: Карл, Улрих.

РЕАЛ: Лунин, Александер Арнолд, Ридигер, Милитао, Гарсија, Валверде, Камавинга, Блингем, Арда, Винисиус, Мбапе.

Отсутни: Чуамени, Куртоа, Родриго.

Се вчитува...