Сезона за заборав има Реал Мадрид. „Кралевите“ загубија во Купот на Шпанија од третолигаш, сега се далеку од титулата во Ла Лига, откако Барселона им избега девет бода, а беа елиминирани и од Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Претходно не успеаја да дојдат до трофејот во Светското клупско првенство, и затоа почнува реконструкцијата во кралскиот клуб.
Сигурно дека некои имиња ќе заминат, некои ќе дојдат, а едно од оние кои ќе остане е стоперот Антонио Ридигер. Германскиот дефанзивец наводно си подал рака со раководството за нов едногодишен договор.
Иако пред неколку месеци додека на клупата седеше Чаби Алонсо, се погласни беа шпекулациите за негово заминување, сепак, по доаѓањето на Алваро Арбелоа Германецот добива се повеќе шанса, и ја користи максимално. Така веројатно ќе остане на „Бернабе“ и следната сезона.
Еден од оние кои сигурно ќе го напушти Реал е Давид Алаба, а меѓу кандидатите за „излезна врата“ се уште и Родриго, Лунин, Карвахал, а можеби и еден од француското дуо Камавинга и Чуамени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
