Дон Перез го „чести“ Вини со нов договор

Раководството на Реал Мадрид не губи време и веќе подготвува нов договор за својот најдобар напаѓач, Винисиус Жуниор, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Иако актуелниот договор на Бразилецот е со важност до летото 2027 година, „кралевите“ сакаат дополнително да ја осигураат иднината на својата ѕвезда.

Преговорите со 25-годишниот фудбалер и неговиот агент се очекува да започнат наскоро. Винисиус, чија пазарна вредност во моментов се проценува на 150 милиони евра, пристигна во Мадрид во 2018 година и оттогаш стана еден од клучните столбови на тимот.

Бразилецот игра во врвна форма, што го потврдува и неговиот учинок оваа сезона на 47 одиграни натпревари тој постигна 17 голови и запиша 14 асистенции. Со новиот договор, Реал Мадрид планира да ги одбие сите потенцијални интереси од другите европски гиганти и да го задржи напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ на долг рок.

Се вчитува...