Иако Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид останува примарна желба за нападот на Барселона, каталонскиот гигант веќе ја подготвува теренот за алтернативно решение. Како сериозен кандидат се наметнува напаѓачот на Мајорка, Ведат Муричи.
Раководството на Барселона е во потрага по класична „деветка“ која е супериорна во воздушните дуели и може да ги пробие „затворените“ одбрани во Ла Лига. 31-годишниот репрезентативец на Косово, кој ја игра својата најдобра сезона, совршено се вклопува во овој профил.
Според шпанските медиуми, Барселона е подготвена да понуди околу 40 милиони евра за Муричи доколку не се реализира трансферот на Алварез. Искусниот голгетер би донел потребна разновидност и инстант-квалитет во нападот на тимот предводен од Ханси Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
