Де Зерби разочаран по ремито: Ова е како пораз

Тотенхем е на раб на катастрофа и пред испаѓање од Премиерлигата, откако вчера ремизираше 2-2 против Брајтон на домашен терен, и покра јтоа што имаше предност од 2-1 до 95. минута.

Меѓутоа на трагичен начин на крај примија гол, и извадија само бод, што не беше доволно да ја избегнат опасната зона.

Де Зерби ја прифати лошата ситуација да го води Тотенхем и да се обиде да го спаси од најлошото. На овој меч тимот играше добро, но на крајот не успеа да дојде до три бода.

„Ова е како пораз, затоа што примивме гол во последните секунди. Разочаран сум, затоа што заслуживме победа, но имавме одличен настап против добар тим. Брајтон има многу квалитет и врвни играчи. Тешко е да се прифати овој резултат, но мораме да бидеме посилни од овој момент низ кој поминуваме. Мораме да одиме понатаму и да се подготвуваме за следниот меч против Вулверхемптон“, изјави Де Зерби.

Се вчитува...