Бруно Фернандеш ги „спакува куферите“, но не оди во Саудиска Арабија

Капитенот на Манчестер Јунајтед Бруно Фернандеш, ги одбројува последните денови како играч на „Црвените ѓаволи“. Според англиските медиуми, тој на лето ќе замине од клубот, а неговата следна дестинација останува непозната.

И покрај интересот од неколку клубови од Саудиска Арабија, сепак, за Фернандеш во преден план се истекнува Галатасарај. Наводно турскиот тим му понудил многу помалку пари како плата на Португалецот, но затоа, пак, проектот е тој го привлекол играчот од средниот ред сериозно да размислува за селидба во Истанбул.

Оваа сезона Фернандеш игра во одлична форма, постигна осум голови и запиша 18 асистенции во 30 меча одиграни во Премиерлигата. Сепак, и покрај тоа веројатно ќе замине на лето со цел да отиде на место каде што ќе може добро да заработи, со оглед дека идната сезона ќе влезе во последната година од договорот.

Се вчитува...