Мрежите не се тресеа, по бод за Кремонезе и за Торино

Кремонезе и Удинезе си поделија по бод во меѓусебната пресметка која заврши без голови, во која најголемите возбудувања се случија во второто полувреме, кога и едниот и другиот состав имаа шанси за да дојдат до победата.

Откако ништо посебно не се случуваше во првиот дле, во вториот Баскирото постигна гол за домаќините во 62. минута кој беше поништен поради прекршок по прегледување на ВАР снимката.

На спротивната страна Сандро Куленовиќ само што влезе во игра, имаше шанса за Торино, но неговиот удар беше одбранет од голманот на домаќините.

Кремонезе и натаму стравува за опстанокот, и сега е на 17. место со 28 бодови. Во нешто подобра позиција е Торино, кој го запиша 39-тиот бод, и речиси е сигурен во опстанокот во Серија „А“.

Се вчитува...