Ливерпул го победи Евертон со 2:1 во драматична завршница во првото Мерсисајд дерби одиграно на новиот стадион на Евертон, Хил Дикинсон. Победничкиот гол го постигна Вирџил ван Дајк во 100-тата минута од натпреварот. Ливерпул на овој натпревар беше без својот втор голман, Ѓорѓи Мамардашвили.
Тој беше сериозно повреден во судир со стрелецот на голот на Евертон, Бето, во 54-тата минута. Грузиецот беше изнесен од теренот на носилки, а заменет од номиналниот трет голман на Ливерпул, Фреди Вудман.
„Црвените“ се исто така без својот прв голман, Бразилецот Алисон, кој се повреди пред повеќе од еден месец и не е познато кога ќе се врати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
