Мајнц со гол од пенал му ја „украде“ победата на Менхенгладбах

Борусија Менхенгладбах и Мајнц одиграа 1:1 во пресметката на средината на табелата. Двата тима се сега на срцето на табелата, без шанси за Европа, но и не би требало да имаат проблеми за опстанокот. Гостинскиот тим со погодок од пенал во последните секунди практично му ја „украде“ победата на домашниот тим.

Домашниот тим поведе со голот на Скели во 7. минута на асистенција на Болин.

Мечот изобилуваше со многу шанси. Амири од Мајнц во 42. минута ја погоди стативата. Во 53. минута Менхенгладбах имаше шанса преку Кастроп, чиј удар му го одбрани голманот на гостите. Во 88. минута Вајпер постигна гол за Мајнц, но истиот беше поништен поради офсајд.

И кога се очекуваше крај на мечот, пенал за Мајнц кој во гол го претвори Амири и така донесе бод за својот тим.

Се вчитува...