Нов скандал во Реал: Четворица фудбалери одбиле да патуваат на натпревар!

Конечно излезе на виделина строго чуваната тајна во Реал Мадрид, за тоа што се случи во март.

„Кралевите“ во март го одиграа натпреварот од 27. коло од Ла Лига против Селта Виго на гости. Гостинските фудбалери успеаја да го добијат овој натпревар, но на многу тежок начин.

Тие имаа предност од 1-0 откако Чуамени постигна гол во 11. минута. Потоа, Иглесијас постигна гол во 25. минута за израмнување на резултатот.

Се чинеше дека натпреварот ќе заврши 1-1, но потоа Валверде ги донесе трите бода за гостите во 94. минута.

Сега, „се појавија“ нови информации поврзани со тој натпревар од Пепе Алварез, човек кој е инсајдер за вести од Реал Мадрид.

Тој тврди дека четворица играчи одбиле да патуваат со тимот на натпреварот против Селта. Станува збор за Раул Асенсио, Камавинга, Дана Карвахал и Карерас.

Се вчитува...