ГОЛЕМ ХЕНДИКЕП: ПСЖ без клучен играч против Баерн Минхен!

ПСЖ се соочува со голем проблем пред полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн.

Викендов се повреди клучниот играч за врска Витињо, чиј настап на претстојните европски натпревари сега е под голем знак прашалник.

Португалецот мораше да го напушти натпреварот на ПСЖ против Лион (1-2) во 39. минута кога гостите водеа со 0-2, а. По еден воздушен дуел, Витиња незгодно падна на десната нога и веднаш сигнализираше дека не може да продолжи. Тежината на повредата сè уште не е позната.

Поради повредата, стана неизвесно дали Витиња ќе биде подготвен за полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Баерн. Првиот натпревар се игра на 28 април во Париз, додека реваншот е закажан за една недела подоцна на „Алијанц Арена“ во Минхен.

И Баерн ослабен пред полуфиналето

Од друга страна, Баварците имаат и поголеми проблеми со повредите.

Серж Гнабри сигурно нема да игра против ПСЖ. Офанзивниот играч за врска заработи повреда на тренингот пред натпреварот против Штутгарт (4-2). За него, сезоната дефинитивно е завршена, па дури и неговото учество на Светското првенство е под знак прашалник.

Се вчитува...