Еден ас на Барса е опсесија на Енрике за ПСЖ

Луис Енрике ја прифатил понудата за продолжување на соработката и во следните денови ќе потпише нов договор со ПСЖ, а управата на францускиот гигант се согласила да ја исполни големата желба на трофејниот стратег и на „Паркот на принцовите“ да го доведе Френки де Јонг.

Ангажманот на холандскиот репрезентативец во ПСЖ францускиот медиуми го опишуваат како опсесија на Енрике, кој во поранешниот капитен на Ајакс гледа идеален играч за своите тактички замисли. Енрике е убеден дека среден ред во состав Витиња – Жоао Невеш – Де Јонг може да донесе доминација и во европскиот фудбал, тоа јасно го ставил до знаење кај клупските директори, од кои добил ветување дека ќе го доведат Холанѓанецот во Париз во текот на летово.

Де Јонг важи за стандарден првотимец во Барселона, но честите повреди надополнети со фактот дека тој е еден од најплатените играчи во тимот придонесоа каталонците веќе да не гледаат на овој ас како на незаменлив дел од тимот. Се најавува дека Барса ќе бара 60 милиони евра за Де Јонг, сума што ПСЖ без проблем ќе ја плати за да ја исполни големата желба на својот тренер.

Барселона потоа овие пари би ги инвестирала во нов централен дефанзивец, при што на врвот на листата со желби на каталонците се наоѓа Бастони од Интер.

Се вчитува...