Проблеми и за „кралевите“: До крајот на сезоната без Ѓулер и Милитао

Реал Мадрид се соочува со сериозен кадровски дефицит откако беше потврдено дека Едер Милитао и Арда Гулер поради повреди на тетивите ќе отсуствуваат до крајот на тековната сезона. Двајцата фудбалери се повредија на неодамнешниот првенствен дуел против Алавес, кој „кралевите“ го добија со 2-1.

Младиот Турчин,  заработи повреда на десната нога, додека ситуацијата со Милитао е значително посериозна. Бразилскиот дефанзивец ја повреди левата нога, а првичните прогнози се толку загрижувачки што неговиот настап е под знак прашалник дури и за Светското првенство.

Ова е огромен удар за одбраната на Алваро Арбелоа бидејќи ги чека невозможна мисија во борбата за титулата со Барселона.

Се вчитува...