Се е договорено: Санчо се враќа во Дортмунд

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо е пред трето враќање во Борусија Дортмунд. Името на англискиот напаѓач се споменува од страна на раководството на клубот со недели, а со оглед на тоа што неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува ова лето, тој би можел да пристигне без обештетување.

Санчо играше за „црно-жолтите“ од 2017 до 2021 година, а потоа беше позајмен во втората половина од сезоната 2023/2024. Моментално е позајмен во Астон Вила. И покрај бројните понуди, враќањето во Дортмунд наводно е негов приоритет.

Според „Скај Спорт“, веќе се водени нови разговори со раководството на тимот од дортмунд, каде што се дискутирале и конкретни бројки, па клубот сега ги има сите релевантни информации за да донесе одлука.

Според информациите, и самиот играч изразил желба за враќање во „старото јато“, па така нема никакви пречки за одново да го облече дресот на „милионерите“.

Се вчитува...