Арбелоа: Реал Мадрид мора да победи сѐ, без оглед на резултатите на Барселона

Треба  да се случи вистинско чудо во шпанската Ла Лига во последните за Реал Мадрид да ја освои титулата. Барселона има предност од девет бодови, а голема е шансата Реал втора сезона по ред да остане без трофеј.

Остануваат уште шест кола, во прашање се 18 бода, има и Ел Класико, но тешко е за верување дека „кралевите“ ќе успеат на крајот да завршат како првопласирани.

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, испрати недвосмислена порака пред натпреварот со Севиља против Бетис.

„Мораме да победиме на сите натпревари, без оглед на тоа што ќе направи Барселона. Нема калкулации, целта е 18 бодови, па што ќе се случи… Мојата работа не е да ги мотивирам играчите, туку да извлечам максимум од нив. Противниците имаат дополнителна мотивација кога играат против нас, затоа мораме да знаеме чие лого го браниме“, изјави Арбелоа.

Се вчитува...