Леванте за надеж, Севиља ќе се „тресе“ за опстанок (ВИДЕО)

Ќе биде интересно и возбудливо за опстанокот во шпанската Ла Лига, особено после вечерашната победа на Леванте  против Севиља од 2-0, со што разликата меѓу овие два тима се намали на два бода.

Леванте со тоа си ги зголеми шансите за опстанок, додека Севиља ќе треба да стравува за останување во најквалитетното првенство на Шпанија после овој пораз.

Апсолутен херој на Леванте е Иван Ромеро кој постигна два гола. Првиот во 38. минута од средбата, додека вториот во судиското надополнување од вториот дел.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...