Рајо Ваљекано со клучни бодови за опстанок

Минимална, но се чини вредна опстанок победа за Рајо Ваљекано од 1-0 над Еспаљол, со што во голема мера тимот е со обезбеден опстанок во Ла Лига, иако до крајот остануваат уште шест кола.

„Испливувањето“ во „помирни води“ за Рајо го донесе голот на Камељо длабоко во финишот на натпреварот, поточно во 87. минута. Одличен противнапад, одличен дирбилинг на Камељо и успешна реализација.

Гол вреден три бода со кој Рајо се израмни со Еспањол на 11. позиција со 38 бодови, или пет повеќе од опасната зона каде што прв од тимовите кои испаѓаат е Алавес.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...