Штутгарт против Баерн ќе го брани пехарот во Купот на Германија

Баерн Минхен го дозна својот ривал во битката за трофејот во Купот на Германија. Вечерва со победата над Фрајбург од 2-1 во 119. минута од средбата, Штутгарт се пласираше во финалето во Берлин, и во него ќе се бори против најголемиот германски тим, кој и натаму останува голем фаворит.

Штутгарт со многу среќа дури во 118 минута од продолженијата стигна до оваа победа. Во регуларниот дел беше 1-1. Егештајн донесе предност за гостите, а Ундав во 70. минута израмни.

Штутгарт имаше уште неколку шанси, но во регуларниот дел и во продолженијата, a херој беше голманот на гостите, Флоријан Милер. Меѓутоа Милер капитулираше дури во 119 минута кога Томаш на ефектен начин со петица успеа да постигне гол, и така да го внесе Штутгарт во ново финале на Купот, и ќе има можност да го брани трофејот во ова натпреварување освоен минатата сезона.

Се вчитува...