Во екот на сезоната во која Реал Мадрид е елиминиран во Лигата на шампионите, а се чини ја загуби и битката со Барселона во Ла Лига, навивачите ги дочека уште едно разочарување.
Имено, фотографии од наводниот домашен сет дресови за сезоната 2026/27 се проширија на социјалните мрежи, а дизајнот предизвика лавина од негативни коментари.
Иако основата на дресот остана традиционално бела, Адидас се одлучи за експеримент што ги налути навивачите. Според протечените фотографии, препознатливите три ленти на рамената треба да бидат црвени, додека рабовите на јаката и ракавите се украсени во темно црни и зелени тонови. Токму овие детали станаа предмет на жестоки дискусии и критики.
🚨 BREAKING: REAL MADRID’S 2026/27 HOME KIT! @Footy_Headlines pic.twitter.com/IbqXvECqjK
— Madrid Zone (@theMadridZone) March 17, 2026
Реакциите од навивачите на социјалните мрежи беа речиси едногласно негативни. Многумина го нарекоа дизајнот еден од најлошите во историјата на клубот.
„Ова е веројатно најгрдиот дрес на Реал Мадрид на сите времиња“, е еден од коментарите.
Други беа подеднакво остри.
„Најгрдиот во последно време! Таа црвена лента воопшто не одговара!“
Некои навивачи забележаа сличност во дизајнот со дресовите на другите тимови.
„Дали е ова новиот дрес на Бенфика?“, праша еден корисник, додека друг заклучи: „Ова лесно би можело да биде дизајн за мексиканската репрезентација“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
