Хаос во Рома: Управата го „избра“ тренерот, Раниери си замина

Хаосот што владееше во Рома во последните неколку седмици кулминираше со денешната објава за заминување на легендарниот Клаудио Раниери, кој се откажа од функцијата советник во римскиот клуб откако управата реши да застане на страната на Клаудио Раниери во конфликтот против него.

Се почна со изјавата на Гасперини дека не е задоволен од трансферите на клубот, по што следеше жесток одговор од Раниери, дека екс-тренерот на Аталанта бил дури четврти избор за стратег на Рома, ангажиран откако првите тројца не биле договорени. Гасперини продолжи со критиките минатата седмица, раководството на клубот реши да застане на тренерот на тренерот, по што денеска беше официјализирана и разделбата со Раниери.

„Рома потврдува дека е прекината соработката со Клаурио Раниери. Му благодариме на Клаудио за големиот придонес за нашиот клуб, го водеше тимот во крајно комппликуван период и секогаш ќе му бидеме благодарни за неговиот труд“, се вели во клупското соопштение на „волчицата“.

Се вчитува...