Баерн Минхен атакува на тројна круна до крајот на сезонава, а навивачите на баварскиот гигант утрово се разбудија со одлична вест – Мануел Нојер донел одлука да не замине во пензија, туку да потпише нов едногодишен договор со баварскиот гигант.
Актуелниот договор на 40-годишниот Нојер истекува на крајот на сезонава, баварците секогаш беа со став дека конечната одлука е на самиот ветеран и тие нема да преговараат со други голмани додека тој не пресече. На крајот, искусниот чувар на мрежата одлучил дека е доволно подготвен за уште една професионална сезона, за што веќе го известил и највисокото раководство на клубот.
Мануел Нојер е член на Баерн уште од 2011 година кога пристигна од редовите на Шалке и во овие 15 сезони освои се што можеше да се освои со баварскиот гигант.
Сепак, ветеранот се уште покажува мотивација за нови трофеи и нови достигнувања, а челниците на Баерн не го кријат задоволството што и во следната сезона ќе го имаат Нојер на голот на својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
