Девојка сведочеше за скандалот со проституција во Италија: Бевме како во каталог!

Истрагата што пред неколку дена доведе до апсење на четири лица обвинети за организирање „елитна“ проституција доби нов пресврт. Една од девојките одлучи јавно да проговори за се.

Канцеларијата на италијанскиот обвинител тогаш изјави дека клиентелата на компанијата, која работеше под маската на агенција за организација на настани, во голема мера ја сочинуваа фудбалери кои играат во Серија А.

Иако имињата на фудбалерите кои наводно ги користеле услугите на оваа агенција почнаа да се појавуваат во медиумите, тие не се под истрага. Откриено е дека агенцијата организирала „пакети“ кои вклучувале излети во познати милански клубови, престој во луксузни хотели и сексуални услуги.

Истрагата покажа дека клиентите платиле илјадници евра за услуги, а дека агенцијата имала промет од повеќе од 1,2 милиони евра. Во судските досиеја, имињата на клиентите се затемнети, а наводно има најмалку 50 од нив. Меѓу нив наводно има фудбалери и други спортисти.

За време на истрагата, обвинителството и полицијата наидоа на бројни преписки и повици, но имаа и помош од една од девојките која одлучи да проговори за тоа низ што поминува.

„Бевме како во каталог. Им ги испратија нашите фотографии со прашање – која ја сакате вечерва“, откри девојката.

Таа изјави дека сè започнало уште во 2019 година и дека во тоа време живеела во стан со неколку девојки. Подоцна, тоа станало простор каде што се организирале забави и состаноци со клиенти.

Се вчитува...