Формула 1 во 2027 година се враќа во Турција!

Турскиот автодром „Истанбул парк“ ќе се врати во календарот на Формула 1 од 2027 година па натаму, најмалку пет години, објави турското претседателство.

Патеката на азиската страна од најнаселениот град во Турција е популарна кај возачите и фановите, но последен пат беше домаќин на трката во 2021 година како замена за време на пандемијата Ковид-19. Исто така Истанбул, беше домаќин на големи награди помеѓу 2005 и 2011 година, како и во 2020 година.

Таа година, Луис Хамилтон ја обезбеди својата седма титула светски шампион во Истанбул, изедначувајќи го рекордот на Михаел Шумахер.

Се вчитува...