Ливерпул го очекува сериозен играчки ремонт по најавените заминувања на Мохамед Салах и Енди Робертсон, но и тешката повреда на Екитике поради која францускиот репрезентативец ќе го пропушти и првиот дел од новата сезона.
„Црвените“ веќе почнаа со планирање на потезите за претстојниот преоден рок, а високо на листата со желби од неодамна се наоѓа и Рафаел Леао. Португалецот не делува најзадоволно во редовите на Милан, а и управата на италијанскиот клуб веќе не го смета Леао за „недопирлив“ и подготвена е да го продаде доколку добие интересна понуда за негов трансфер.
Првите контакти се веќе воспоставени, а на Леао му се допаѓа идејата за преселба во најсилната лига во светот како нов предизвик во кариерата. Милан бара околу 60 милиони евра, сума што „црвените“ се подготвени да ја платат доколку постигнат целосен договор со самиот фудбалер.
Желба на раководството на Ливерпул е трансферот да биде комплетиран до почетокот на СП 2026, се со цел да се спречи вклучување на други тимови во трката доколку Леао блесне на претстојниот мундијал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
