Падна договор: Интер го откупува Аканџи од Манчестер Сити

Нема враќање во Манчестер, туку останување во Милано за швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи. Стоперот кој е дел од Интер како позајмен од таборот на Сити, ќе биде откупен од страна на лидерот на табелата во Серија „А“ и многу веројатно иден шампион.

Се е веќе договорено меѓу трите страни, и Аканџи би требало за 15 милиони евра да потпише долгорочен договор со „нероазурите“. Аканџи имаше договор со Сити до 2027 година, а оваа сезона ја мина како позајмен, па челниците на Интер се уверија во неговите квалитети, и сега ќе го откупат.

Интер мора да се „обезбеди“ со квалитетни играчи на стоперските позиции, со оглед дека Бастони најверојатно ќе замине во Барселона, додека Ачерби е веќе ветеран и прашање е колку ќе може да издржи со ова темпо. Исто така пред заминувае од Интер е и Де Фрај, кој има сериозни проблеми со повреди веќе години наназад.

Се вчитува...