Лајпциг се доближи до Борусија Дортмунд на второто место

Само два бода сега изнесува разликата помеѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд во битката за второто место, со вечерашната победа на „биковите“ над Унион Берлин со 3-1.

Низ целосна доминација, Лајпциг на крајот славеше триумф, со кој е со речиси обезбедно учество во Лигата на шампионите идната сезона.

Финкраге и Ромуло Кардозо во првиот дел му донесоа на домашниот тим предност од 2-0. Баку во 63. минута зголеми на 3-0, а Доеки во 78. минута само успеа да ублажи.

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...