Кошмар: Милитао го пропушта СП 2026

Повредата што Едер Милитао ја заработи на еден од последните натпревари на Реал Мадрид е од посериозен карактер, откриваат извори блиски до медицинскиот тим на „кралскиот клуб“.

Бразилскиот дефанзивец нема среќа со повредите во последните две години, но оваа последната е дополнителен удар – бидејќи многу веројатно ќе значи и пропуштање на СП 2026.

Добра работа е што не станува збор за проблем со лигаментите на коленото, но повредата на мускулни влакна е една од посериозните од ваков тип. Неофицијално, станува збор за кинење на мускулни влакна, по што првите прогнози се дека Милитао ќе треба целосно да мирива два месеца.

Ако ова се потврди, нема дилема дека асот на Реал Мадрид ќе мора да го следи мундијалот од дома, што секако ќе биде огромен проблем и за селекторот Анчелоти кој гледаше на својот поранешен пулен од Реал како на командант за одбранбената линија на СП 2026.

Се вчитува...