Фулам ја запре Астон Вила

Серијата од три премиерлигашки меча без пораз на Астон вила беше запрена попладнево откако тимот на Унаи Емери загуби со минимални 1-0 на гостувањето против Фулам.

Вила одигра под своите можности, примајќи гол пред крајот на првото полувреме преку Сесењон, откако левиот бек натрча на една одбиена топка и го совлада Мартинез.

Иако во резултатска негатива, фудбалерите на Астон Вила се мачеа да искреираат нешто од поголемиот посед на топката, па Фулам беше тимот со најубавата шанса во вториот дел, поништениот гол по корнер за прекршок врз голманот Мартинез.

Фулам со овој гол се вклучи во трката за осмото место кое води во Конференциската лига на УЕФА, додека Астон Вила и покрај поразот е сигурна во делот од табелата кој значи учество во ЛШ следната сезона.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...