Во Англија фудбалот е религија, па дури и во најниските лиги, доказ за тоа беше и денешниот клучен меч од конференцијата меѓу Рокдејл и Јорк, на кој домаќините мораа да слават за да стигнат до првото место и промоција во втората дивизија.
Дуелот беше драматичен и без голови, се до 96. минута, кога Рокдејл постигна гол со глава, за тотална еуфорија на трибините, па стотици навивачи влетаа на терен почнувајќи да го слават големиот успех.
Само што… мечот не заврши со тој водечки погодок, откако навивачите се повлекоа натпреварот мораше да се доигра, а тогаш – ладен туш … Јорк со гол во 102. минута стигна до 1-1, реми со кое гостинскиот тим го осигура првото место и влезот во повисок ранг на натпреварување.
Погледнете ги двете видеа и огромната радост најпрвин на домаќините, а потоа и на гостинскиот гим по голот во супердраматичната завршница.
THEY THOUGHT IT WAS DONE IN THE 95TH—LOOK AT THIS MADNESS! 🤯🤯🤯 pic.twitter.com/YYn6006U8n
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) April 25, 2026
OH MY WORD 🤯🤯🤯🤯
YORK HAVE EQUALISED IN THE 102ND MINUTE TO WIN PROMOTION 😱
Watch LIVE NOW at https://t.co/17IGNhwWu5 📺 pic.twitter.com/GSexKSCwht
— National League on DAZN (@DAZN_NationalLg) April 25, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
