Атлетико со пресврт-триумф над Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид дојде до посакуваната победа над Атлетик Билабо пред своите навивачи во 33. коло од Ла Лига.

„Јорганџиите“ триумфираа со 3-2 благодарание на трите гола во второто полувреме.

Гостите од Билбао први дојдоа до водство со голот на Паредес во 23. минута од средбата.

Но, во вториот дел Гризман најпрво израмни на 1-1 во 49. минута, а потоа Сорлот во 54. минута донесе и водство од 2-1 за Атлетико.

Сорлот со својот втор гол на мечот во третата минута од судиското продолжение донесе и 3-1 предност за Атлетико Мадрид, за да Гурузета во 97. минута ублажи за конечни 3-2.

Се вчитува...