Кошаркарите на Денвер се поразени од Минесота со 112-96, и се на работ на елиминација уште во четвртфиналето од плеј-офот во западната конференција.
Ова беше трета победа по ред на Тимбервулвс против Јокиќ и компанија во оваа серија. Централна фигура на вториот натпревар во Минеаполис беше, без сомнение, Ајо Досунму, кој го одигра натпреварот на својата кариера, и тоа како резерва, постигнувајќи дури 43 поени!
Од друга страна, дуелот го одбележа и Никола Јокиќ, со уште една одлична игра (24п, 15ск, 9ас), но овој пат и во негативна смисла бидејќи предизвика масовен конфликт меѓу играчите на двата тима во последните секунди од натпреварот.
На Јокиќ не му се допадна потегот на Џејден МекДениелс на самиот крај, тој го виде леј-апот на играчот на Минесота како провокација во момент кога натпреварот одамна беше решен, па нервозен за таков потег, се стрча кон него на другиот крај од теренот.
Потоа настана хаос на клупата на домашниот тим. МекДениелс и Јокиќ беа во клинч, потоа се вмешаа и останатите кошаркари на двата тима… На крајот, епилогот од конфликтот беа суспензиите за највоинствените од двете страни – Јокиќ и Рендл.
Jaden McDaniels scores the layup instead of running out the clock, Nikola Jokic runs all the way from the other side of the court to face him, bumps him, as McDaniels grabs Jokic’s jersey, a kerfuffle ensues.
Nikola Jokic and Julius Randle get ejected from the game
I haven’t… pic.twitter.com/uxgjQdGAHp
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) April 26, 2026
Повредата на Ентони Едвардс го одбележа и овој бурен натпревар
Најдобриот играч на Минесота мина 18 минути на теренот, запишувајќи пет поени (1/8 за три), но лошата вест е дека може да го пропушти остатокот од плејофот ако се покаже дека има посериозна повреда на коленото.
Едвардс падна незгодно на левата нога во обид да го блокира ударот на играч на Денвер.
Токму излегувањето на Едвардс беше клучниот момент за Досунму, кој ја презеде офанзивната палка и одигра натпревар што ќе се памети – за историјата!
Џамал Мареј, пак, кај Денвер го заврши натпреварот со 30 поени (10/25 од игра).
Следниот натпревар од серијата се игра во Колорадо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
