Крај на една голема ера. Мохамед Салах е, без сомнение, еден од најголемите фудбалери во историјата на Ливерпул кој остави силна траг на „Енфилд“.
Навивачите на Ливерпул беа во шок откако Салах предвреме го напушти теренот поради повреда на вчерашниот дуел против Кристал Палас.
Египетската суперѕвезда излезе во 59. минута, низ еден емотивен момент испратен со долги аплаузи од трибините на Енфилд.
Thank Goodness Salah Isn’t Coming To Old Trafford
But This Is A Sad Way To Bow Out For Liverpool
May He Get Well Soonpic.twitter.com/NlCCOSkwIU
— Nashe 🇾🇪🏴☠️🟣 Carling Double Trouble 🏆🏆 (@TmCiteilife) April 25, 2026
Многумина веднаш помислија, дали е збогување?
Тренерот Арне Слот не сакаше да извлекува предвремени заклучоци.
„Прерано е да се каже. Но, сите знаеме дека Мо, ако излегува, тоа значи дека нешто не е во ред“, рече Слот.
Салах (33) веќе го објави своето заминување од клубот на крајот од сезоната, што додава тежина на целата ситуација.
Ливерпул сега има само уште неколку натпревари до крајот, а времето за закрепнување истекува.
Постои вистински страв дека би можел да го пропушти гостувањето кај Манчестер Јунајтед, против кого има импресивен настап, дури 16 гола на 18 настапи. Потоа следат натпревари против Челси, Астон Вила и конечно Брентфорд на Енфилд.
Тој дуел би можел да биде неговиот последен во црвениот дрес, доколку се опорави на време.
Слот признава дека и Салах бил свесен за можното сценарио.
„Мислам дека тоа му падна на памет кога си заминуваше. Сè уште има малку време“, додаде холандскиот тренер.
Салах остава зад себе монументална кариера во Ливерпул, 257 гола на 435 натпревари, со сите големи трофеи, вклучувајќи ја Премиерлигата и Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
