Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, наводно го изоставил Дани Себаљос од составот за натпреварот во петокот против Реал Бетис поради затегнати односи.
Името на Себаљос беше очигледно отсутно од списокот за натпреварот што заврши 1-1, а играчите од младинската академија, Сестер и Мануел Анхел, имаа предност на клупата, пишуват шпанските медиуми.
Конфликт околу статусот во тимот
Шпанскиот весник АС тврди дека Себаљос не е повреден, но одлуката на Арбелоа да не го вклучи играчот од средниот ред е чисто тактички, дури и покрај тоа што Чуамени се откажа од составот во последен момент. Во извештајот се додава дека Себаљос, кој помина две сезони на позајмица во Арсенал меѓу 2019 и 2021 година, е фрустриран поради ограниченото време за играње.
Оваа сезона, тој одигра 22 натпревари во сите натпреварувања, но беше во почетниот состав само седум пати. Иако е редовен дел од тимот на Бернабеу откако пристигна од Бетис во 2017 година, ретко беше прв избор, но сепак одигра 214 натпревари за клубот.
Арбелоа за затегнатите односи: „На натпревари ги носам само соодветните играчи“
Неговото незадоволство од времето за играње наводно довело до влошување на неговиот однос со Арбелоа, што резултирало со негово изоставување од тимот. Себаљос последен пат започнал натпревар во лигата во ноември, додека тренер беше Чаби Алонсо, а од февруари воопшто не влегол во игра од клупата.
Запрашан за отсуството на Себаљос, Арбелоа кратко одговори:
„На натпревари ги носам играчите за кои мислам дека се соодветни“.
Кога го прашале дали имало некаков инцидент, тој ја повторил истата реченица.
„Секогаш ги вклучувам во тимот играчите за кои мислам дека се соодветни“.
Шпанскиот весник „Ел Периодико Медитеранео“ објави дека Себаљос и Арбелоа имале жестока расправија оваа недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
