Комо не се откажува од сонот наречен ЛШ

Фудбалерите на Комо ја прекинаа серијата од три меча без триумф во Серија А откако попладнево славеа на гостувањето против Џенова со 0-2, резултат со кој Комо останува во трката за место кое води во ЛШ следната сезона.

Тренерот Фабрегас и неговите избраници успеаја да ја остават зад себе болната елиминација од Купот на Италија од Интер, одиграа квалитетен меч во Џенова во кој одбраната си ја заврши работата, а во нападот беа искористени две шанси, доволно за да се стигне до цел плен.

Во прилог на Комо одеше и што резултатот беше отворен во раната фаза од мечот, преку Дувикас во 10. минута, по што гостите рутински го исконтролираа мечот, стигнувајќи и до втор гол преку Диао во 68. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...