Миовски стартер, но Глазгов Ренџерс доби нокаут на домашен терен

Глазгов Ренџерс се здоби со огромен удар врз шампионските амбиции откако тимот на нашиот Бојан Миовски загуби клучен меч на домашен терен од Мадервел со 2-3.

Миовски по подолго време беше стартер, но Македонецот се вклопи во сивилото на својот тим во првото полувреме во кое Мадервел имаше водство од 0-2. Тренерот Рол реши да го поввлече нашиот голгетер од игра на паузата меѓу двете полувремиња, Глазгов Ренџерс успеа да се врати и да израмни на 2-2, но во самиот финиш, додека домаќините се обидуваа да постигнат и трет гол, Мадервел погоди од контра и замина со цел плен од „Ајброкс“.

Денешниот пораз значеше и пад на третото место на табелата, зад водечките Хартс и Селтик, што сериозно ја компликува ситуацијата за тимот на Миовски во трката за титулата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...