Само во Англија: Кубениот почна да кубе, ама не доби црвен картон

Секој нов викенд во фудбалска Англија носи нов судиски скандал, тренд што продолжи и попладнево на полуфиналето од ФА Купот меѓу Челси и Лидс и непокажаниот црвен картон на Калверт Луин, за влечење за коса на противничкиот фудбалер Марк Кукурелја.

За иронијата да биде уште поголема, Калверт Луин беше вклучен во сличен инцидент пред десетина дена кога беше искубан од страна на Лисандро Мартинез, по што по ВАР-анализата беше покажан црвен картон за дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.

Овојпат во ВАР собата се анализираше срамното однесување на голгетерот на Лидс, но судиите задолжени за делење на правдата ги шокираа сите со одлуката мечот да продолже без санкција за Калверт Луин.

Ваквата одлука предизвика бурна реакција од фудбалската јавност, а меѓу најгласните беше легендарниот Тиери Aнри.

„Видете, најдобро е да се смееме, бидејќи ако не се смееме, треба да збудалиме. Седиме овде, во 2026 година, со сите овие камери и технологии и гледаме слепило од судиите. Го видов инцидентот на Калверт Луин, апсолутно насилничко однесување, црвен картон во секоја лига во светот, но ВАР во Англија смтеа дека тоа е „нормален фудбалски контакт“. Ако е така, зошто Лисандро Мартинез доби црвен картон во Манчестер? Тоа е срамота, аматерски и време е некој гласно да проговори за сите судиски грешки. Не бараме арбитрите да помогнат на некого, само да ги почитуваат правилата на играта, и тоа секогаш да ги почитуваат и да ги применуваат, а не да ги толкуваат самите како што им одговара“, бесен беше Анри.

Се вчитува...