Борусија Дортмунд ќе игра во ЛШ и следната сезона

Борусија Дортмунд славеше со 4-0 на домашен терен над Фрајбург, со што „милионерите“ на три кола до крајот го осигураа пласманот во Топ 4, кој значи учество во Лигата на Шампионите наредната сезона.

Тимот од Дортмунд имаше два пораза во претходните две рунди, но Нико Ковач успеа да ги разбуди своите избраници, кои со извонредно прво полувреме за триесетина минути го реши прашањето на победникот.

Бајер беше стрелец на првиот гол во 9. минута, следеше погодок на Гираси пет минути подоцна за 2-0, пред Бенсабаини во 31. минута да зголеми на 3-0.

Остатокот од мечот мина во рутинска контрола на темпото и резултатот од страна на домашниот тим, кој во финишот постигна и четврти погодок, дело на Силва.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...