Доминацијата на Црвена Звезда во српскиот фудбал продолжува откако белградските црвено-бели денеска ја прославија деветтата шампионска титула во низа.
Судбината сакаше оваа да биде особено слатка, бидејќи е осигурана и прославена токму на вечното дерби со Партизан што избраниците на Дејан Станковиќ го добија со 3-0. Дефанзивецот Ераковиќ го отвори резултатот во првото полувреме на асистенција на Катаи, додека на 2-0 зголеми Авдиќ, а во финишот конечните 3-0 ги постави Сеол.
Партизан имаше предност на стартот од пролетниот дел од сезоната, но „црно-белите“ направија низа киксови во последните месеци што беше искористено од Црвена Звезда, која на неколку рунди до крајот ја осигура новата титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
