Интер прокоцка сигурна победа во Торино

Серијата од три победи на Интер во Калчо-лигата беше прекината вечерва во Торино, каде „нероаѕурите“ по голема борба стигнаа само до еден, наместо до посакуваните три бода (2-2).

Интер е тимот што повеќе ќе жали за ваквиот исход, ако се знае дека „нероаѕурите“ имаа водство од 0-2 со головите на Турам и на Бисек (по двете асистенции на Димарко), но и тоа беше недоволно за да стигнат до цел плен.

Торино успеа да се врати, Симеоне намали на 1-2, а девет минути подоцна Влашиќ израмни на 2-2 од пенал. Интер се обиде да постигне трет гол, но „торинезите“ одлично се одбранија до крајот, стигнувајќи до заслужен бод против фаворитот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...