Хаос во Шпанија: Доби црвен картон, па нокаутираше противнички играч

Неверојатен инцидент го одбележа финишот од мечот во шпанската втора лига меѓу Хуеска и Сарагоса, откако гостинскиот голман Естебан Андрада најпрвин доби два жолти картони, а штом му беше покажан црвениот, бесно тргна да се пресмета со еден противнички фудбалер, нокаутирајќи го на земја со еден удар.

Андрада го нокаутираше ривалот, по што дојде до целосен хаос на теренот, а главниот судија до крајот исклучи уште по еден играч на двата тима.

По овој пораз Сарагоса падна на претпоследното место на табелата и сосема јасно е дека Андрада го чека долга суспензија и нема да може да застане на голот до крајот на сезонава, во клучните битки за опстанок.

Се вчитува...