Марсеј се мачи, билет за ЛШ ќе остане само сон

Олимпик Марсеј е се подалеку од место во Лигата на Шампионите откако вечерва одигра само 1-1 на домашен терен против Ница, по што „сино-белите“ на три кола до крајот заостануваат четири бода зад Лил и Лион, кои се на делба на третото и четвртото место на табелата. Кризата во Марсеј очигледно се уште трае, овој клуб има само една победа во последните пет рунди, ефект со кој не може да се надева на билет за елитното европско натпреварување.

Марсеј се мачеше да го скрши отпорот на гостинскиот тим во ова дерби на омразените ривали, а тренерот Беје свесен за немоќта на својот тим во вториот дел ги уфрли Гринвуд и Мади. Токму Мади беше асистент при водечкиот гол што со глава го постигна капитенот Хојбјерг, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до триумф.

Олимпик почна да го брани минималното водство, а таквиот пристап беше казнет во 88. минута, кога Ваи од пенал израмни на 1-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...