Кулушевски викендов во Охрид, па потоа и на вечното дерби меѓу Ц. Звезда и Партизан во Белград (ФОТО)

Македонецот со шведски пасош Дејан Кулушевски, кој игра во редовите на англискиот премиерлигаш Тотенхем, изминатиов викенд беше на Балканот, посетувајќи го најпрво своето место на потекло и своето семејство Охрид, а потоа, како што пренесуваат српските медиуми, го гледал и „вечното“ дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан во Белград.

Поранешниот ас на Јувентус, во друштво на синот на легендарниот Синиша Михајловиќ, Душан, ја одбележа победата и потврдата на титулата на белградските црвено-бели.

Кулушевски отсуствуваше цела сезона поради повреда, а слободното време го искористи за да посети и членови на своето блиско семејство во Охрид, но и Белград и да го гледа најголемиот дерби натпревар во српскиот фудбал.

Не е тајна дека Кулушевски често даоѓа во Охрид, минувајќи и дел од своите летни одмори во нашиот најголем туристички центар. Тој иако настапуваше за македонските младински репрезентации до 17 години, се одлучи во сениорска конкуренција, и покрај повиците од Македонија, да го прифати повикот за настап во дресот на својата родна земја – Шведска.

Неговиот Тотенхем поминува низ пеколен период и ќе се бори за опстанок во Премиерлигата до крајот на првенството.

Се вчитува...