Лигата на шампионите е веќе реалност за Борусија Дортмунд. „Милионерите“ со триумфот над Фрајбург и дефинитивно обезбедија учество во најелитното клупско натпреварување во следната сезона.
Затоа второпласираниот тим во Германија тргна по нови имиња, со кои ќе биде поконкурентен во Бундеслигата, и ќе се обиде да направи изненадување во Лигата на шампионите.
Прва „мета“ за Борусија е српскиот интернационалец Лазар Самарџиќ. Самарџиќ се гледа како замена за Јулијан Брант кој дефинитивно го напушта Дортмунд на крајот од сезоната, и веројатно ќе се пресели во Атлетико Мадрид.
Предноста за Самарџиќ е што го зборува германскиот јазик, со оглед дека е роден во Германија, а настапуваше и за младите селекции на „панцирите“. Тој има 24 години, и треба да претставува долгорочен проект за тимот од Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
