Енрике: Вака се игра фудбал, ова беше најдобриот меч во мојата кариера

Спектакл беше виден вчера во Париз, во натпревар со девет гола во кој ПСЖ се стекна само со гол предност против Баерн Минхен, пред реваншот во Германија. ПСЖ најпрво направи пресврт, а потоа дојде до убедливо водство, кое за малку ќе го испуштеше, но н а крајот успеа да го добие овој прв натпревар.

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике не ги криеше своите емоции по скектаклот. Тој рече дека ова е најдобар натпревар во неговата тренерска кариера.

„Беше неверојатно.  Мислам дека беше најдобриот натпревар што некогаш сум го водел како тренер. Имаше неверојатен ритам, обиди да се игра напаѓачки фудбал, желба на играчите да ги покажат своите квалитети. Мислам дека сите се забавуваа гледајќи го натпреварот. Среќен сум затоа што победивме“, започна Луис Енрике.

„Мислам дека успеав да ја задржам смиреноста за првите два или три гола, но по четвртиот и петтиот… Беше грешка бидејќи знаев дека можат повторно да постигнат гол, но морам да кажам дека беше неверојатна игра. Работам како тренер повеќе од петнаесет години и морам да признаам дека тоа беше највозбудливото нешто што некогаш сум го доживеал. Тие почнаа подобро од нас, но ние во вториот дел бевме подобри. Беше убаво за гледање. Ова е начинот на кој треба да се игра фудбал. Во ред, како тренер не сум среќен што примивме четири гола, но сум среќен поради победата“, додаде специјалистот.

 

Се вчитува...