Компани: Обично кога ќе примиш пет гола си елиминиран, но ние сме во игра

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, со самодоверба го пречека поразот од 5-4 од Пари Сен Жермен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, сметајќи дека има шанси на реваншот да се анулира предноста.

Тој го пофали својот тим за нивниот дух, особено кога губеа со 5-2. Тој рече дека ништо не е одлучено и дека сè може да се случи во реваншот.

„За мене беше различно да гледам од страна, но повеќе би сакал да бидам на теренот, да ги доживеам емоциите. Тренерскиот штаб заврши фантастична работа во подготовката на тимот. Примавме голови, но бевме опасни. Да примиш пет гола на гостински терен во Лигата на шампионите обично значи дека си елиминиран, но шансите што ги создадовме нè натераа да веруваме“, рече Компани.

„Видов многу добра дефанзивна игра, но во овој натпревар разликите се минимални – или целосно влегувате во борбата или целосно се повлекувате.“, додаде Белгиецот.

Тој ги сподели своите очекувања за реваншот:

„Ќе играме дома пред 75.000 публика. Таму сакам повеќе. Да се почувствува тежината на нашиот домашен терен, каде може сешто да се случи“, изјави Компани.

Се вчитува...