Реал Мадрид ќе го откупи Паз, па ќе го продаде повторно во Италија

Напаѓачот на Комо, Нико Паз на крајот од сезоната најверојатно ќе се врати во Реал Мадрид. Аргентинскиот репрезентативец има клаузула во договорот со која Реал може да го откупи за мала цифра, и тоа ќе го стори.

Но, потоа „кралевите“ најверојатно ќе го вратат назад во Италија. Според послендите информации, Интер сака да го ангажира во своите редови. Лидерот и веројатно идниот шампион на Серија „А“ ќе издвои 40-45 милиони евра за да ја купи младата ѕвезда.

Паз е еден од заслужните за подемот на Комо, кој до неодамна се бореше и за место во Лигата на шампионите, меѓутоа веројатно тоа ќе остане само сон за тимот предводен од Цеск Фабрегас.

Се вчитува...