Фудбалерот на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Англија, Коби Мејн, го продолжи договорот до јуни 2031 година, објави клубот од „Олд Трафорд“.
21-годишниот Мејн дебитираше за првиот тим на Манчестер Јунајтед во сезоната 2022/2023.
Одигра 98 натпревари за првиот тим на Јунајтед и постигна седум гола.
„Манчестер Јунајтед отсекогаш бил мој дом. Овој посебен клуб значи сè за моето семејство. Имам привилегија да го живеам својот сон секој ден, со истата неуморна желба да успеам тука како кога се приклучив на првиот тренинг на овој клуб на шестгодишна возраст. Решен сум да дадам се од себе за да му помогнам на Манчестер Јунајтед редовно да се бори за големи трофеи во наредните години“, рече Мејн, како што објави официјалната веб-страница на клубот.
Мејн одигра 12 натпревари за репрезентацијата на Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
