Не сите сметаат дека мечот помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен кој заврши со победа на франускиот тим од 5-4 беше спектакл. Некои сметаат дека двата тима како да немаа одбрани па не им се допаѓа фактот што паднаа толку многу голови.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше прашан од новинарите за мислење за тој натпревар, и зошто не го гледал, туку заминал на меч на Стокпорт – Порт Вејл.
„Како доаѓаше мечот, си реков: ужасен натпревар, Енрике и Компани лоши тренери, играчите им се ср*ње, па заминав на Стокпорт“, изјави саркастично Гвардиола.
Новинар: Некои мислат дека беше спектакл, други дека беше лош меч затоа што одбраните како да не постојат…
„Тоа е убавината во фудбалот. Сите сме различни, на пример јас сум поубав од тебе“, рече во смеа менаџерот на Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
