Се планира бурен летен преоден рок во Барселона, особено во нападот каде што „Каталонците“ ќе бараат замена за ветеранот Роебрт Левандовски, кој најверојатно ќе ја напушти екипата.
Долго време Хулијан Алварез беше желба на Барселона, меѓутоа веројатно тој трансфер нема да се случи, со оглед на големите побарувања од страна на Атлетико, кој бара преку 120 милиони евра.
Шпанските медиуми веќе шпекулираат со две имиња како можни засилувања за Барселона. Едниот е Александар Сорлот исто така од Атлетико Мадрид. Неговата цена во моментов е за четири пати помала од онаа на Алварез, што целосно му одговара на тимот предводен од Ханс Флик.
Второто име ко се споменува за нападот на Барса наводно е Жоао Педро од Челси. Неговата цена е околу 70 милиони, но од шпанскиот тим се надеваат дека ќе добијат „попуст“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
