Салах и дефинитивно го пропушта дербито против Јунајтед

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, нема да биде подготвен за натпреварот против Манчестер Јунајтед, објави тренерот Арне Слот.

Како што рече Холанѓанецот на денешната прес-конференција, посетата на Ливерпул кај нивниот најголем ривал во недела е прерано за враќање на Салах, кој има проблем со повреда на бутниот мускул.

„Салах секогаш работи неверојатно напорно во текот на сезоната, кога е во форма и кога е повреден, за да се врати што е можно поскоро. Тој обично се враќа порано од другите играчи. Има мала повреда и очекуваме да се врати набрзо, но не во недела“, рече Слот.

Салах неодамна изјави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, кога ќе му истече договорот.

Се вчитува...